Кортни Кардашијан откри дека сè уште го дои двегодишниот син: „Едвај чекам повторно да пијам мача“
Кортни Кардашијан откри дека и понатаму го дои својот двегодишен син, Роки Тртин. Телевизиската ѕвезда ја сподели оваа информација за време на панел-дискусија во рамки на настанот на „Вименз вер дејлис бјути инк“, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Кардашијан го промовираше својот бренд на витамини и додатоци во исхраната, а за доењето проговори додека објаснуваше како ја одржува енергијата како зафатена мајка на четири деца. На прашање од модераторката Џени Б. Фајн од каде црпи сила, Кардашијан, која го има синот Роки со сопругот Тревис Баркер, одговори: „Како ја добивам енергијата? Искрено, немам поим. И јас се прашувам тоа. Не пијам алкохол, дојам“.
Нејзиниот пријател и соосновач на брендот, Сајмон Хак, додаде: „Порано беше девојка што обожава мача“, на што Кардашијан одговори: „Едвај чекам повторно да пијам мача. Тоа е избор. Технички би можела, мислам, и додека дојам, но едноставно така одлучив“.
За време на разговорот, Кардашијан откри дека не бара премногу деловни совети од својата мајка и менаџерка, Крис Џенер, ниту од своите славни сестри.
„Не од некоја посебна причина, туку затоа што кога сме заедно, едноставно не зборуваме многу за работа“, објасни таа, додавајќи дека ѝ се обраќа на мајка си само ако има навистина сериозно прашање.
Сепак, истакна дека ужива во заедничките проекти.
„Секогаш е забавно кога можеме да работиме нешто заедно. На пример, Ким токму ја снимаше нашата кампања за колострум со мене, што беше многу забавно.“


