Коронавирусот успорува – тврди Мајкл Левит, научник од Стендфорд

Угледниот научник и нобеловец Мајкл Левит тврди дека епидемијата предизвикана од вирусот корона во Италија, Швајцарија и Њујорк почнува да успорува и дека наскоро може да се очекуваат вести за смирување на ситуацијата. Toj во јануари предвиде дека во Кина ќе се случи пандемија, но и дека истата ќе биде под контрола во март, а сега го најавува истото и за останатиот дел од светот. 

Според него и покрај големата паника околу ситуацијата во Њујорк, состојбата полека се смирува и тргнува на подобро.

– Клучниот момент помина и сега ситуацијата полека се успорува, што пак значи дека одиме на подобро, вели Левит.

Професорот Левит вели дека според сите показатели ситуацијата во Италија се смирува, а тоа го потврдуваат и официјалните бројки.

Состојбата во Њујорк е понесигурна бидејќи дневниот раст на заболени во последните три дена изнесува 7.000 но претходните денови оваа бројка беше многу поголема. Според него оваа недела ќе биде одлучувачка за тоа дали епидемијата ќе го задржи својот залет во оваа земја.

Левит напоменува дека нема доволно податоци на Велика Британија, бидејќи во земјата има голем број одвоени жаришта.

– Наскоро ќе стигнат вести за смирување на состојбата во Италија и Швајцарија, но не сум сигурен дали Шпанија ќе се приклучи на оваа група земји, истакнува Левит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот