И покрај шестнеделната блокада, во Италија дневно умираат стотици луѓе

epa08294658 People sing from their home window during a flash mob launched across Italy to bring people together and try to cope with the coronavirus emergency, in the Pigneto district, in Rome, Italy, 14 March 2020. Italy is under lockdown in an attempt to prevent the spread of the pandemic Coronavirus. EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Главниот проблем не се тестовите туку заштитната опрема која е ограничена, па оттаму здравствените власти се оневозможени да направат повеќе тестови.

Веќе 6 недели трае целосната блокада на Италија а таму продолжуваат да умираат стотици луѓе. Италија воведе строги ограничувања за време на пандемијата бидејки е една од најпогодените држави во светот, со 10 илјади мртви и 93 000 заразени, и држава со најголем процент на смртност. Ситуацијата е толку критична, што пациентите умираат сами, крематориумите и црквите се преполни и нема место за новите починати кои се погребуваат без церемонијални обреди.

За споредба, во Кина е потврдена заразата кај 81.997 лица и 3.299 починати. Исто така, Италија е втора по број на потврдени случаи во светот, доека прва на листата се искачија САД со 105.470 и нешто повеќе од 1.700 починати.

Сепак многумина се прашуваат како Италија, која влегува во шестата недела од пандемијата на коронавирусот, и ги воведе сите можни ограничувања, и натаму има поголем број на починати од останатите држави во Европа, па и светот?

Експертите велат дека главна причина е комбинацијата на факторите.

Како една причините се наведува бројното старо население кое живее во Италија. Потврдено е дека старите лица се најмалку отпорни од последиците кои ги предизвикува Ковид -19.

Како дополнителна причина се наведува и методата на тестирањето која не дава целосна и реална слика за инфекцијата.

Светските епидемиолози сметаат дека бројката на потврдени случаи не ги опфаќа сите инфицирани во земјата. Вистинската бројка е многу поголема бидејки се тестираат само сериозните случаи на заболени, а не сите граѓани, што придонесува до поголема стапка на смртност од вирусот.

Во Ломбардија каде се регистрирани најмногу заболени, се тестираа околу 5000 луѓе дневно, бројка која според докторите е многу помала од неопходното тестирање на илјадници луѓе кои седат дома и чекаат дијагноза.

Главниот проблем не се тестовите туку заштитната опрема која е ограничена, па оттаму здравствените власти се оневозможени да направат повеќе тестови. Исто така, италијанските здравствени експерти наведуваат дека има и недостиг на лекови, проблем со кој наскоро ќе се соочат и останатите држави во светот.

Сепак, останува главното прашање – Дали Италија презеде се’ и дали доследно и навремено ги спроведе мерките за сузбивање на коронавирусот?

Како за споредба, кинеските власти целосно го изолираа 11 милионскиот град Вухан. Ги блокираа авто-патиштата, ги прекинаа авио-линиите и целиот јавен превоз.

Сега, после два месеци целосен карантин, тамошните власти соопштуваат дека нема нови случаи на заразени.

Од друга страна во Италија и натаму се регистрираат голем број на заболени и починати. Се смета дека мерките кои се спроведуваат во Италија се неспоредливи со оние во Кина, бидејки таквите кинески методи се невозможни да се спроведат во една демократска држава како Италија. Казните во Италија се по 3000 евра за оние кои ќе ја прекршат забраната за движење, но и натаму дел од  италијаните знаат да ја прекршат оваа забрана.

Ако се земе во предвид дека бројката на смртни случаи оди во нагорна линија, засега нема проценка до кога Италија ќе се соочува со пандемијата која најсилно удри на Апенинскиот полуостров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот