Коронавирусот пристигна и на најизолираниот остров на светот: Кирибати за првпат во локдаун

Знаме на Кирибати/ Фото Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Во оддалечената островска држава Кирибати, беше воведено заклучување откако патниците на првиот меѓународен лет во последните 10 месеци беа позитивни на ковид-19.

На околу 120.000 жители на Кирибати им е наредено да останат дома освен во итни случаи, а друштвените собири се забранети.

Основните артикли во продавниците може да се купат помеѓу 08 и 14 часот. Засега не е познато колку долго ќе трае заклучувањето – првото воведено во островската држава.

Мерките беа воведени откако 36 лица на лет од Фиџи од вкупно 54 патници – наводно сите биле вакцинирани – биле позитивни на ковид.

Последователно, со ковид се заразиле уште неколку лица кои работеле во објектот каде што биле ставени во карантин заразените патници.

До минатата недела во Кирибати беа потврдени само два случаи на ковид 19.

Кирибати е еден од најизолираните острови во светот, оддалечен околу 5.000 километри од најблискиот континент, Северна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот