Коронавирусот не ги запре литиите во Црна Гора
Во повеќе црногорски градови и вечерва, како и секој четврток и недела веќе три месеци, одржани се литии во знак на протест против усвоениот Закон за слобода на вероисповед, пишува српски „Телеграф“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од денес учесниците на литиите, освен против изгласаниот закон, со молитва се борат и против коронавирусот, пишува на сајтот на црногорско-приморската Митрополија.
– Ќе се молиме на Бога, исцелителот на секоја болест и немоќ, со мирисот на темјан и со молитва на свештенството и верниците за оздравување на сите заболени во светот, рекле од Митрополијата.
Свештеникот Мирослав Михаиловиќ им се обратил на присутните и им се заблагодарил мирот, слогата, меѓусебното простување, посветеноста, и како што рекол, достоинственото покажување на лидерите на црногорската држава дека ова „нема да помине“ и дека не ги даваат светите објекти.
Како што рекол тој, црквата како разумна организација ќе го послуша гласот на лекарите во врска со новонастанатата ситуација со коронавирусот, и ќе ги следат сите настани, а Епископскиот совет до недела ќе донесе одлука дали ќе се продолжи со литиите или не.
BERANE!Zapratite zvaničnu stranicu mitropolije:https://www.facebook.com/nedamosvetinjeofficial/
Publiée par Objektiv Story sur Jeudi 12 mars 2020
Фото: Objektiv Story


