Коронавирусот го менува лицето на светот

Ненад Јовановиќ. / Фото: Архива

Првиот проблем на овој „вирусен импулс“ е запирање на Шенген-зоната. Немам сомнеж дека лидерите сакаа да дејствуваат брзо и одлучно како би успеале да го избегнат италијанското сценарио на своите територии. Но, исто така, немам никаков сомнеж дека одлуките за слободното движење на луѓето ги носеа политичари, а не доктори.

Значи, да одиме со ред: денес во Европа ситуацијата е. Најблагоречено, проблематична. Нејзината инклузивна (вклучувачка) политика е стопирана поради гигантскиот вирус ковид-19. Дури, слободно може да речеме, нејзините поделби не ја прават посилна, туку напротив. Затворањето на границите сигурно дека претставува рационален здравствен потег поради пандемијата, ама долгорочните политички реперкусии од таквиот потег создаваат голем проблем кога гледаме кои влади ги затвораат своите граници. Италија донесе таква одлука на 10 март, во време кога заразените ја надминаа бројката од 10.000 илјади. Во следните пет дена, владите на Словачка, Чешка и Полска ги затворија границите, без разлика што вирусот во овие земји не беше достигнат до бројката 200.

Првиот проблем на овој „вирусен импулс“ е запирање на Шенген-зоната во која луѓето можат слободно да се движат. Немам сомнеж дека лидерите сакаа да дејствуваат брзо и одлучно како би успеале да го избегнат италијанското сценарио на своите територии. Но, исто така, немам никаков сомнеж дека одлуките за слободното движење на луѓето ги носеа политичари, а не доктори, микробиолози или инфектолози. Дури и Доналд Трамп во почетокот селективно им наметна на Американците европска забрана за патување: секогаш кога ставате забрана, тоа го надминува штурото санитарно и здравствено барање. Политиката во време на голема пандемија и натаму е политика. Ако јас се прашувам, забраната е оправдана, но сепак, ситуацијата мора да нè одведе во ново преобмислување: дали треба во вакви ситуации да одлучуваат „стручњаци“ или политичари!?

Суспензија на Шенгенските одредби

Суспензијата на Шенгенските одредби, велат важни теоретичари на политиката, зборува нешто важно за општеството во овој регион, а можеби зборува нешто многу важно и за самата Европа. Имено, најпрво тука е колективната психолошка димензија. Прашањето на „забрана на географија“ не се однесува само на денешнината и историјата, туку се однесува најмногу и на самата човечка егзистенција (љубовна, идејна, економска, вредносна). Од друга страна, со децении посткомунистичките држави (а нашата Северна Македонија е една од нив) се обидуваа да го избегнат руското влијание само како би успеале да се „вратат во Европа“. Причините не беа само економски, туку беа и вредносни: слобода, правда, граѓански и човекови права… (овде мислам на сите земји од „Источниот блок“). Во 20. век, нивното „централно“ искуство беше циклично „самоуривање“ на своите држави, пад на суверенитетот и егзистенцијална закана од двата тоталитарни системи. Нивната желба да се вклучат во сојузите како НАТО и Европската Унија произлезе од ставот дека Западот е гарант на нивната институционална стабилност и лична сигурност. Имено, мислам конкретно на Шенгенската зона, која еден вид „патерица“ за напуштање на опасностите од тоталитарните и авторитарно-геополитичките зони на моќ и репресија.

Овие држави кои ги набројав (Словачка, Чешка, Полска), би требало да бидат последните држави кои ќе ги затворат своите граници. Причината за тоа е што тие се веќе „вратени во Европа“, а тоа значи модернизација и просперитет од една страна, а од друга страна – големи трошоци. Еден од карактеристичните моменти на Шенген-зоната беше непречено движење и мигрирање на добро квалификуваните и образовани кадри.

Заминувањето на најквалитетните луѓе во Европа и Запад денес им создаваат големи главоболки на сите земји од регионот. Во Полска, според официјалните податоци на ОЕЦД и Евростат, бројот на лекари на 1.000 луѓе изнесува 2,4. Британија пред извесно време најави ново вработување на доктори од Европската Унија. Ако ја видиме „пошироката“ тенденција на Европа, ќе видиме дека ковид-19 е реална закана, но и еден вид катализатор за нови затворања на граници.

„Дисциплинирање“ на границите

За инает на сите стравувања, по 1989 година, сите земји од балканскиот регион, од Европа се третираат за посткомунистички, а со тоа и слаби држави (вклучувајќи ги и нејзините граѓани). Дали оваа констатација е точна или лажна, јас не знам, ама знам во така хистерични констатации има и доза на закана. Оваа вознемиреност која ја опишувам може навистина да го поткопа темелот на самата Европска Унија, а тоа пред сè е Шенгенот, слободниот проток на луѓе, идеи и на капитал.

Истите причини може да се спуштат и долу, на локалната сцена. Сите држави од Балканот ги „дисциплинираат“ своите граници, се обидуваат да воведат „дисциплиниран ред“. Нивната премиса лежи во тоа, „ако нашите држави се слаби, ако здравствениот систем е слаб, тогаш вреди да останеме дома и да ги заштитиме другите“. Ние мора тоа да го направиме сега, да се заштитиме од вирусот, но подоцна, кога сè ќе се врати во „нормала“, мора да отстапиме од тенденциите на затворање, бидејќи така директно го поткопуваме европскиот идеал.  Другата тенденција која се појавува лежи во популистичките и авторитарни политичари, а тоа се обично оние кои оперираат на десницата.

Во нашата држава, а и во целиот свет, владее потполна тишина – дронови снимаат празни улици. Во класичната филозофија, ваквата состојба е поврзана со стравот од деспотизам. Во „Духот на законот“, Монтескје пишува „за смртната тишина во градовите кога непријателот ги руши sидовите“. Нашиот противник денес нема свои легии и дивизии, невидлив е, ама тоа не значи дека е помалку опасен. Спротивно на демократијата која се карактеризира со робусност, бучност во јавната сфера; таквата динамика денес се одвива на социјалните медиуми, но се плашам дека тоа не може да биде вистинскиот лек за демократијата. Нужноста од неа оваа санитарна епидемија ја турка демократијата настрана.

Добрата страна за нашата македонска приказна, покрај цела светска лудница, е што на власт немаме одвратни популисти, туку демократи. И покрај сите препирки на Мицкоски дека нам ни се случува катастрофа, хаос, некомпетенција, незнаење, и ако ги занемариме неговите хистерии поради неговата лична амбиција да биде премиер, Владата на Северна Македонија, и овие луѓе кои практично ја чинат државата, покажуваат исклучителен степен на спремност, исклучителен степен на рационалност, смиреност, веродостојност, вредно работат на намалување и превенција на штетата предизвикана од коронавирусот, и во таа смисла можеме да бидеме задоволни и горди.

Добрата страна за нашата македонска приказна, покрај цела светска лудница, е што на власт немаме одвратни популисти, туку демократи. И покрај сите препирки на Мицкоски дека нам ни се случува катастрофа, хаос, некомпетенција, незнаење, и ако ги занемариме неговите хистерии поради неговата лична амбиција да биде премиер, Владата на Северна Македонија, и овие луѓе кои практично ја чинат државата, покажуваат исклучителен степен на спремност, исклучителен степен на рационалност, смиреност, веродостојност, вредно работат на намалување и превенција на штетата предизвикана од коронавирусот, и во таа смисла можеме да бидеме задоволни и горди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот