Короната пристигна и на естрадата: Македонски фолк-пејач потврди дека е позитивен!

Фото: Фејсбук

Младиот фолк-пејач од Кичево, Спсасен Силјаноски на својот профил на Фејсбук потврди дека е позитивен на коронавирусот.

Како што напиша, тој имал контакт со инфицирано лице и откаок дознал веднаш направил тест, кој пак покажал дека го добил вирусот.

– Бев  во контакт со инфицирано лице со Ковид-19 и одлучив да направам и јас тест,  кој за жал денес покажа дека е позитивен, односно  дека во моментов сум позитивен на Ковид-19. За моја среќа немам никакви симптоми и потешкотии, но како што е процедурата во интерес на општо добро ќе се придржувам кон самоизолацијата се до добивањето на два последователни негативни теста. Не е грев да се добие Ковид-19, бидеќи не знеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку си позитивен, па да се заразат своите блиски роднини пријатели.  На сите ви посакувам здравје, внимавајте на вашите контакти и со Господ напред се гледаме за 14 дена. Пивото јас го честам – напиша тој на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот