Фото: Принтскрин

КОРОНА ВО БЕЛГРАДСКО УЧИЛИШТЕ УШТЕ НА 1 СЕПТЕМВРИ: Го пратиле детето на училиште иако чекале резултати од тестот

„Просто е неверојатно дека мајката, инаку вработена во здравство, го испратила детето на училиште“

Уште на 1 септември коронавирусот влезе во едно белградско основно училиште, а против родителите на момчето кое заразено е испратено во училиште, Министерството за образование поднело пријава до Центарот за социјална работа против повреда на безбедноста на другите деца и несовесно однесување, пренесува Блиц.рс.

Според овие информации, случајот е регистриран во основното училиште „Браќа Јерковиќ“ во белградската населба Железник.

Станува збор за ученик од трето одделение, а неговата мајка го испратила на училиште на 1 септември иако ги чекале резултатите од Ковид-19.

Детето било тестирано на 31 август, но родителите и покрај тоа што не знаеле дали тестот е негативен, го испратиле на училиште заеедно со другите деца.

Кога дознала дека детето е позитивно, мајката веднаш ја известила неговата учителка, меѓутоа, тоа веќе ја поминало смената заедно со останатите од групата, пренесува Блиц.

Брза реакција на Министерството

Министерот за образование и наука Младен Шарчевиќ, за Блиц вели дека бил упатен во целост со овој случај.

– Штом дознавме за ова веднаш ги преземавме сите неопходни мерки за заштита. Просто е неверојатно дека мајката, инаку вработена во здравство, го испратила детето на училиште. Откако ги известила сите надлежни дека тестот е позитивен на корона, сите се прашуваа зошто воопшто го пуштила на училиште. За среќа, сите деца носеа маски и станува збор за мала група на ученици- вели Шарчевиќ.

Фото: МИА/Танјуг

Цела група на онлајн настава

Министерот Шарчевиќ објаснува и дека таа група на ученици, со која ученикот имал контакт, ќе биде префрлена на онлајн настава. Наставниците исто така нема да доаѓаат во училиште.

Се очекува семејството на ученикот да се санкционира поради неодговорно однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот