Корисниците од целиот свет пријавуваат проблеми со „Instagram“ и „WhatsApp“

Фото: twitter

Попладнево, корисниците на популарните социјални мрежи „Instagram“ и „WhatsApp“ низ целиот свет се соочуваат со проблеми кои ги пријавуваат во последниот час на веб-сајтот „DownDetector“.

Имено, корисниците на „Instagram“ не можат ниту да ја отворат самата апликација, односно во изминатиов час се појавува само текстот „5xx Server Error“.

„Down Detector“ исто така забележа голем број пријави од корисници кои велат дека имаат проблеми со наведените апликации. 

А додека на корисниците на „WhatsApp“ им се отвара самата апликација, но се појавува текст како да имаат „проблеми со конекцијата“…

 

 

Засега нема официјални информации од компанијата „Instagram“ и „WhatsApp“ во врска со овој проблем.

Мислев дека ми е избришан профилот“; „Што се случи СЕГА?“, „Не знаев дека сум толку зависна од Инстаграм“; „Како ќе го објаснат ова?“, се дел од коментарите од збунетите корисници од целиот свет кои бараат објаснување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот