Контроверзна статуа ги разлути жените во Италија

Контроверзна стаута во Сапри, Италија/ Фото Twitter Screenshot

Статуа на која е прикажана делумно облечена жена од песна од 19-ти век, предизвика расправија за сексизам во Италија, пренесува Гардијан.  

Бронзената статуа, на која е претставена жената во проѕирен фустан, била откриена во саботата за време на церемонијата на која присуствуваше поранешниот премиер Џузепе Конте во Сапри, во јужниот регион Кампанија.  

Делото на скулпторот Емануеле Стифано е во чест на „La Spigolatrice di Sapri“ (Чистачот на Сапри), напишано од поетот Луиџи Меркантини во 1857-ма година.  

Песната е базирана на приказната за неуспешната експедиција против Кралството Неапол од Карло Писакане , еден од првите италијански социјалистички мислители. 

Лаура Болдрини, членка на Демократската партија на левиот центар, рече дека статуата е „навреда за жените и историјата што треба да ја слави“.  

Таа на Твитер напиша: „Но, како може дури и институциите да прифатат претставување на жена како сексуализирано тело?“.   

Група жени политичари од единицата на Демократската партија во Палермо побараа да се сруши статуата.  

„Уште еднаш, треба да го трпиме понижувањето кога се гледаме претставени во форма на сексуализирано тело, без душа и без никаква поврзаност со социјалните и политичките прашања на приказната“, се вели во соопштението на групата. 

Антонио Џентиле, градоначалникот на Сапри, рече дека се додека не избувне расправијата „никој не го критикувал или изобличувал уметничкото дело“.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот