Коњски лопатки и лавски клучалки

Не само кога една ментална бубашваба ќе посака да биде премиер, туку кога во таа амбиција ќе повлече народносни контингенти кои потоа ни господ бог не може да ги оправи. Затоа што се обликуваат во лавовските светогледи на вмровските Соренгети, во кои ќе ја чекаат средбата на куршумот на нормалниот свет со себе или обратно.

Политичките офталмолози тврдат дека мултифокалите на ВМРО-ДПМНЕ даваат потесно видно поле од кожените лопатки на коњските оглави.
Велат дека тоа поле има форма на лавче.
Вморонот гледа низ него како низ клучалка во форма на царот, а гледа сè едни и исти порнографски содржини, во кои тој самиот или неговите другари, ги ебат комуњарите и остатокот на светот во уста, у г’з и во сите други телесни отвори.
Како во класичните секси шопови за онанисти, воајеристи и слични перверзњаци.
Замислете го животот во ритамот на музиката за секс.
Во форма на лав.
Можеме да го замолиме Јура Стублиќ да ни отпее нешто на таа тема. На тоа гледање на светот низ лавска сламка за коктели. Па ако Мицко и Езоп победат на изборите, да му платиме како за нова химна. Што дувачкиот оркестар на Бреговиќ ќе ја отсвири на погребот на Македонија.
На 12 април во 10.30.
Мислите дека се заебавам!?
Не, драги мои.
Нема ништо друго во тоа што на простиот народ му се принесува како доктрина. Порано на преродбата, денеска на обновата. Од преродбата. Хахаха. Како доктрина на идиотот. На револуционерниот идиот, на идиотот патриот, на вморонот како врста која постоела пред Македонецот да еволуира во човек.
Или, пред човекот да дееволуира во Македонец.
Нема врска.
Можам да ви доставам сто танкери пишан материјал што недвосмислено ќе ја докаже тезата дека станува збор за нижи суштества.
Не различни, нижи.
И, не само политички, можеби, дури и биолошки.
Не знам зошто е тоа така.
Но, друго објаснување – немам.
На луѓето што макар еднаш биле на мојот ѕид на Фејсбук, сè им е јасно.

Најголемиот проблем на Македонија со ВМРО не е тоа што тие гледаат на себе, на нас и на светот низ таа порнографска дупка, туку во тоа што тие ја тераат целата нација да клечи, да се трти и да мастурбира пред нивната кутлешка или лавска клучалка.

Не малку луѓе подлегнаа пред предизвикот на тоа царско сладострастие, на тој строго ограничен и стеснет фотонски млаз кој во крупен план на Македонецот му прикажува голем вмронски фалус и непријателска вагина, како елементи кои го исполнуваат сиот негов живот.

Или, обратно, Македонија што секој ја ебе.
Живот во кој нема ништо друго освен тој коитус со остатокот на светот.
Вмро е организација на најнижите форми на животот во Македонија.
Без да се знае, како и кај толку многу феномени, дали ВМРО ја произведува нижоста или нижоста го произведува вмро.
Нема ништо друго.
Тој и го начукува на Америка, навива Европа да се распадне, навива и работи на тоа и Македонија да отиде у курац, затоа што ваква необединета ја доживува како дефектна, како израз на врвната неправда на светот и на господ.
И како свој епски пораз.
Тоа само по себе не би бил никаков проблем, затоа што и нижоста има право да се организира и политички да се артикулира, но маките почнуваат кога нижоста ќе почне да се соединува со амбициозноста и со претенциозноста да ја диминира бојата на течноста во општата чаша.
Не само кога една ментална бубашваба ќе посака да биде премиер, туку кога во таа амбиција ќе повлече народносни контингенти кои потоа ни господ бог не може да ги оправи. Затоа што со години се обликуваат во лавовските светогледи на вмронскиот Соренгети, во кој целата идеја на животот се сведува на тоа да се чека средбата на нашиот куршум со нормалниот свет или на куршумот на нормалниот свет до нас.
Со надеж дека нормалниот свет ќе наебе.
Со лудакот од Будимпешта како куршум.
Опасно е да ѝ подлегнуваме на правилата на лицемерната политичка коректност.
Нижоста во овој светоглед не е социјална, уште помлаку е национална, а најмалку е расна категорија.
Таа е културна одредница.
И неа не можете да ја измамите со идеите за едно општество за сите, туку со енергична конфронтација и општа мобилизација.
Мораме да ги дефинираме како што Ман ги дефинирал фашистите.
И нашиот однос да го дефинираме мановски.
Вморонот е нижо суштество по црно-белата формација низ која го гледа животот и светот, по тоа што нема смисла за никакви нијанси, за испрекршености посебно, за апсурди и парадокси, за деликатности, за средината, за температурата, за влажноста на воздухот, за бројот и силата на непријателот, за малиганите во алкохолот, вморонот ја гледа и Македонија и сè околу Македонија како единица и нула.
Тој е единицата, а сè друго е нула.
Во неговата аритметика нема други бројки.
Тој е, народски речено – говедо.
Општеството може да ги преживее неговите политички амбиции, односно смртоносната комбинација на празнотија и амбиција, но културните односно антикултурните наслаги врз илјадници заразен поединци, врз цели слоеви на населението што потоа ќе се одразуваат и можеби ќе доминираат во иднината, се смртоносна опција.

Семето што сега се сее, а се сее веќе дваесет, ако не и цели триесет години, ќе даде плод по три децении, толку трае историската трудноќа на една нација. Светогледите кои под доминацијата на една генерација се формираат кај следната, го одредуваат светот во наредните триесетина, ако не и повеќе години. Затоа може да се каже дека денешниот конфликт во Македонија не е само политички конфликт во тековна смисла, туку е конфликт што ќе одреди дали Македонија ќе излезе од културниот ендек во кој ја турна вмро или ќе остане да биде храна за чакалите и црвите.

Со други зборови, на изборите нема да бираме меѓу сдсм и вмро, туку меѓу смислата и бесмислата, меѓу стилот и чирот, меѓу нормалноста и идиотизмот, меѓу човекот и мајмунот… најмногу, меѓу животот и смртта.

Сега, скоро, читав убава анализа за интеракцијата меѓу индивидуалните и општи светогледи, на политичките и временски фази во нивното формирање, со институционалниот развој на општествата, нациите и државите. Биљана Стојковиќ на Пешчник се повикува на една темелна (половина милиони луѓе во 109 земји се истражувани) меѓународна студија од декември минатата година.

За актуелниот миг во Македонија важни се неколку поуки.

Прво, светогледите се формираат во првите две или три децении од животот на човекот и тие потоа се речиси непроменливи. Со никаква аргументција не можете од формираниот политички идиот да направите нормален човек. Полесно оди чистењето од дрогата отколку од некултурата. За смена на општата културна и политичка кондиција на општеството треба да се чека нова генерација. Неконсолидираните нации немаат историско време за тоа. Критиката на институциите е многу важна за демократијата, но ако минува одредена мерка се претвора во автодеструкција и нихилизам од најтежок вид, тогаш е разорна, не на тековно ниво, туку како ментална, културна и политичка интерполација во блиската идина, кога во земји, каква што е Македонија, сè има да се распадне во страшна агонија. Тоа е тоа што демократските катастрофичари не го разбраа и не го разбираат и по таа линија нанесуваат немерливи штети. Не на Заев, разбира се, туку на општото јадро коешто го бомбардираат со својата страст во која критиката се претвора во нихилизам и основа за идната општа деструкција. Затоа што ја ебат власта, ја затруднуваат нацијата, а ја раѓаат смртта. Затоа е егзистенцијално важно да се одбраниме од процесите на кретенизацијата. Од доминацијата на идиотите. Тоа е тоа што Македонија мора да го направи веќе во овој изборен циклус. Како последна шанса и надеж. Јас го сметам Заев за историска вододелница, неговиот опстанокот како колатерална ќар на тој процес, вие можете да го сметате како колатерална штета, но важно е да се најдеме заедно на истиот пат кон иднината.

Поведението во минатото е главен индикатор за поведението во идината.
Не знам како се викаше филмот со Џад Ло и Кетрин Зита Џонс во кој оваа реплика беше движечка сила.

Новата власт може да гради едно општество за сите, но треба да знае, дека без процесите на девмровизација, тоа нема да биде можно. Фактот дека и „Медена земја“ го разбираме како женска што Македонецот ја гуши со перницата на која спие, е последна шлакатарчина. Прашањето за милион долара е за која перница станува збор:
1. Перницата на која спие тој?
2. Перницата на која спие таа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот