Коњаници од Гостивар тргнаа на дванаесетиот марш кон Крушево

фото МИА

Тринесетчлена група коњаници, членови на здружението „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче” попладнево тргнаа кон Крушево во чест на националниот и државен празник Илинден и манифестацијата „Десет дена Крушевска Република”. На гостиварскиот плоштад групата беше пречекана и испратена од стотина граѓани.

Коњаниците продефилираа низ Гостивар и застанаа на благослов во соборната црква „Света Богородица” во Гостивар. Групата потоа се упати кон манастирот „Св. Јован Бигорски” каде ќе им се приклучат уште пет коњаници. Таму од наутро по литургијата коњаниците свечено ќе положат заклетва и со благослов на игуменот Партениј, ќе го продолжат маршот кон Крушево.

Годинава со повозрасните коњаници од Скопје, Битола, Крушево, Гостивар, Сопотница и Тумчевиште ќе јаваат 11-годишно момче и три девојки.

Коњицата ќе помине по рутата долга околу 200 километри, поточно патот по кој било пренесено првото црешово топче како поддршка на востаниците. Според програмата на организаторите, групата коњаници на 2 август ќе учествува на прославата 10 дена Крушевска Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот