Коневски: За вонреден конгрес имаме поддршка од повеќе од 400 делегати

За вонреден конгрес и избор на нов партиски лидер имаме поддршка од повеќе од 400 делегати, односно од истите луѓе кои на вонредниот конгрес  во Валандово во 2017 година го избраа токму Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ – изјави за „Слободен печат“ Ивица Коневски, кој е член на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес во партијата. 

– Мицкоски се плаши да излезе пред луѓето што го гласаа и му ја дадоа довербата во Валандово. Сите 500 членови на вонредниот конгрес Мицкоски ги нарече соработници на Заев. Тој ја гледа партијата како приватна фирма за остварување на неговите финансиски апетити. ВМРО-ДПМНЕ во моментов ја водат неколку луѓе, платени со парите на граѓаните, од буџетот. За нас е очекувано дека од „петни жили“ ќе се борат за да си ги зачуваат своите лични позиции. Меѓутоа поголемиот дел од членството, и сите оние кои имаат авторитет и уживаат доверба кај граѓаните, ќе ги делегитимираат овие лажни патриоти и политичари – вели Ивица Коневски. 

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вчера дека вонреден конгрес нема да има, туку само редовен, и тоа во ноември годинава. 

– Ова е добра можност за прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, последно прочистување помеѓу актуелното раководство, новата енергија и поранешните функционери, кои се предводени од Зоран Заев. Централниот комитет за ваква иницијатива заседаваше уште пред неколку месеци и едногласно донесе одлука за нејзино отфрлање – рече Андоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот