Конечно се договорија: Кевин Костнер и поранешната сопруга го завршија разводот

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Изгледа дека мачната постапка на развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер е завршена. Двојката конечно се договори.

„Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка“, се вели во соопштението на портпаролот на Кевин, пренесува магазинот „Пипл“ (People).

Пресвртот на настаните е изненадувачки, со оглед на спорната правна битка на парот во изминатите неколку месеци по барањето за развод на Кристин на 1 мај по 18 години брак.

Но, нејзините блиски пријатели велат дека Кристин сепак морала да се согласи со условите на Кевин Костнер.

„Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го побара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држеше конците во свои раце. Ако продолжеше со борбата, на крајот ќе загубише сѐ. Таа рече дека тоа е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да помине низ вакво нешто, а камоли низ лупата на јавноста“, открива близок пријател на Кристин за „Дејли Меил“ (Dailymail). 

Да потсетиме, Кристин побарала од актерот Кевин Костнер  да ѝ плаќа околу 175.057 долари месечно за нивните три деца да можат да живеат ист начин на живот со секој родител. Баумгартнер, наводно, во документите тврди дека децата живеат со својот татко во комплекс на плажа во вредност меѓу 65 и 95 милиони долари и патуваат со приватни авиони додека се на луксузен одмор со него.

Дизајнерката на чанти тврди дека актерот требал да плати повеќе за издршка „за децата да можат да имаат слични одмори кога се со неа, и тоа е правилно, дури и ако исплатите за детска издршка го подобруваат животниот стил на Кристин“.

Кевин Костнер: Мојата поранешна сопруга бара 248.000 долари алиментација за да си ги плаќа пластичните операции

Кевин Костнер ѝ платил 1,45 милиони долари по разводот, сопругата не сака да се исели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот