Конечно ја кажа вистината: Шакира откри дали дознала за неверството на Пике преку теглата со џем

Фото: Profimeda/Pexels

Колумбиската пејачка Шакира (47) конечно ги искоментира гласините дека го открила неверството на нејзиниот долгогодишен партнер, шпанскиот фудбалер Жерар Пике (37), преку тегла со џем во нивниот фрижидер.

Во нејзиното интервју за британскиот медиум „Тајмс“, таа проговори за разделбата со Пике и ги прокоментира ваквите гласини.

„Тоа не е вистина“, рече Шакира за „Тајмс“.

Шакира и Пике на музичките награди на „Билборд“ во 2014 година / Фото: Frazer Harrison / Getty images / Profimedia

Да потсетиме, Шакира и Жерар Пике ја раскинаа 12-годишната љубовна врска пред две години. За време на овие 12 години, тие добија два сина – 11-годишниот Милан и 9-годишниот Саша.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Шакира и Жерар Пике
Шакира и Жерар Пике во 2015 година / Фото EPA/Andreu Dalmau

Кратко по нивната објава дека се разделуваат, се појави веста дека причината за нивното раскинување е, всушност, неверството на Пике и неговата врска со Клара Чиа Марти наскоро стана јавна.

Една од најпознатите теории за тоа како Шакира дознала за неверството е дека воочила дека некој јадел од нејзината тегла со џем додека таа била на патување со децата. Како што е општо познато, Пике како спортист има строг режим на исхрана, па воопшто не јадел џем. Наводно, тоа ја поттикнало пејачката да се посомнева дека имала „гостин“ во домот за кој не била свесна.

Очигледно, оваа теорија е далеку од вистината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот