Кондицискиот тренер на Ѓоковиќ открива: ВАДА е немилосрдна

twitter.com/theusapost21

Паники открива дека сите професионални тенисери мора да пријавуваат каде се наоѓаат и тука нема отстапки.

– Постојат луди тестови. Секој ден играчот мора да и соопшти на ВАДА (светската анти-допинг агенција“ каде се наоѓа. Доколку се смени распоредот, веднаш морате да ја известите ВАДА или телефонски или по имејл и да се каже новата адреса. Доколку два пати не успеат да те најдат на адресата која си ја пријавил ти следува двомесечна суспензија – изјави Паники.

Тренерот на Ѓоковиќ открива дека нема отстапки за најдобрите тенисери и тоа на своја кожа го почувствувал Рафаел Надал.
– Секој ден мораш да бидеш достапен барем еден час, а луѓето од ВАДА знаат да ви тропнат на вратата во чест часот сабајле додека спиете. Но, ако дојдат и вас венема, е тогаш е тешко за тенисерите. Секој тенисер се тестира околу 20-30 пати годишно. Имаше еднаш случај со Рафаел Надал, тој беше на брод со пријателите, а луѓето од ВАДА дојдоа во неговата куќа во ненајавено време. Единствено што можеше Надал да направи е да се врати дома и да дозволи да биде тестиран – открива Марко Паники.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот