Душан Влаховиќ/EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кондицискиот тренер на Србија и пријател на Влаховиќ најави голем трансфер на голгетерот

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во моментов е надвор од фудбалските терени поради повредата што ја заработи во ноември, а паралелно со неговото отсуство сè погласни се и шпекулациите околу неговата иднина и можнoто заминување од Јувентус.

На оваа тема се огласи и кондицискиот тренер на српската репрезентација, Душан Илиќ, кој смета дека следната дестинација на голгетерот би можела да биде Барселона.

„Според мое мислење, ќе замине во Барселона. Уште пред да дојде во Јувентус, имаше опции за Шпанија и разговараше со Атлетико Мадрид, но на крајот го избра Торино. Тоа беше понуда која беше невозможно да се одбие“, изјави Илиќ.

Иако Влаховиќ има посебен однос кон Италија, Илиќ верува дека напаѓачот е подготвен за нов чекор во кариерата.

„Да, Душан ја почитува и ја сака Италија, затоа остана овде толку долго. Сега мора да ја освежи кариерата и да се обиде да оди понатаму“, додаде Илиќ во изјава за „Тутоспорт“.

Барселона сака да го доведе Влаховиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот