Koнцесиите за Иловица на дневен ред на владина седница, но Бектеши е во Америка

Протест против отворањето на рудник во струмичко / фото: Слободен печат/Југослава Дуковска

Министерот за економија Крешник Бектеши е на службено патување во САД, а од неговиот кабинет за утре најавија прес конференција на која треба да одговори на сите прашања поврзани со концесијата.

Најавата за седница со ваква точка на дневен ред дојде по протестите на жителите од струмичко каде ќе се отвора рудникот и откако дел од министрите изјавија дека при носење на одлуката за спојување на концесиите министерот Бектеши им презентирал лажни податоци од одлука на Управниот суд.

Претходно,  премиерот Димитар Ковачевски најави дека на владина седница министерот Бектеши ќе ги образложи одлуките на управните судови за концесиите за рудниците Иловица – Штука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот