Концертот „Те носам во себе“ носи музика од Драган Ѓаконовски – Шпато

Плакат за концертот

Продуцентот „Баги Комуникации“ го организира концертот „Те носам во себе“, посветен на македонскиот музички маестро Драган Ѓаконовски – Шпато. Концертот ќе се одржи на 31 мај, со почеток во 20 часот, во Мала сала на Филхармонија.

Композитор, диригент и музички аранжер, зачетник на македонската забавна музика кој зад себе остави вистинско звучно богатство, Шпато го нарекуваат македонскиот Бетовен на забавната музика, чии композиции не се само печат на едно време, туку се дел и од нашето современие.

– Драган Ѓаконовски – Шпато, дваесет празни места, па сите други после него. Тој беше гениј… – изјавил Григор Копров.

На концертот ќе се слушнат најубавите композиции на Шпато, а на сцената ќе настапат Мартин Ѓаконовски, еден од најпознатите европски контрабасисти, на тромбон светски познатиот Bart Van Lier, пијанистот Гордан Спасовски, саксофонистот Кирил Кузманов, на тапани Левин Ѓаконовски, како и извонредниот вокалист Џон Илија Апелгрен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот