Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија / Фото EPA-EFE/VASSIL

Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Tуристичката агенција „Беса транс” функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.

– Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа”.

Извор: МИА

ВИДЕО | Блиски на жртвите во несреќата во Бугарија собрани пред седиштето на „Беса транс” во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот