Комората на сметководители бара пролонгирање на рокот за годишни и финансиски извештаи

Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори предлага да се пролонгираат роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи, како дел од петтиот пакет економски мерки.

Од Комората најавуваат повеќе детали на денешната прес-конференција на која ќе стане збор и за Законот за вршење сметководствени работи.

На прес-конференцијата ќе се обратат Благоја Грозданов и Александра Андреева, членови на Управниот одбор на Комората на сметководители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот