Комисијата за контрола над АНБ ќе расправа за случајот „Онишченко” и дојавите за бомби

Олександр Онишченко како јавач / Фото: Фејсбук

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање.

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржа нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот