Комисијата на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид ја избра најдобрата беседа на тематскиот конкурс „Како против пизмата?“

Биста на Григор Прличев пред библиотеката во Охрид

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид го распиша вториот Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на патронот, големиот поет и преродбеник Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“.

Од пристигнатите беседи на распишаниот Конкурс комисијата, оценувајќи ја нивната уметничка, јазична и естетско-етичка содржина, за најдобра ја одбра беседата „Како против пизмата?“ под шифра: „Адет госпоари“.

– На Конкурсот, кој за првпат се организираше на државно ниво, можеа да се пријават сите млади автори од 15 до 30-годишна возраст – истакнуваат од Библиотеката.

Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на [email protected].

Наградата за најдобра беседа ќе биде врачена на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот