КОМЕДИИ: „Бесплатен туш“ за навивачите на новиот стадион во Тирана! (ВИДЕО)

принтскрин:твитер

Беше официјално отворен новиот стадион во Тирана, „Еир Албанија“ против светскиот шампион Франција во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020.

Немаше баш најдобро отворање на стадионот, бидејќи поради не добро наместени прскалки на теренот од организаторите.

Па, наместо да бидат насочени кон теренот со цел да биде што подобро подготвен за натпреварот, навивачите си добија „бесплатен туш“.

Инаку овој стадион може да прими вкупно 22.500 илјади гледачи на трибините во сопственост на Албанската фудбалска федерација.

Целата изградба чинеше 60 милиони евра, од нив 10 милиони евра како донација од Европската фудбалска куќа (УЕФА), а останатите од страна на приватен инвестистор кој за возврат ја доби кулата во склоп на модерното здание, а во која меѓу другото ќе биде изграден и хотел „Мериот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот