Комбе удри во авионот на Ангела Меркел: Канцеларката морала со хеликоптер да се врати во Берлин

Фото: Твитер

Авионот на Ангела Меркел на аеродромот во Дортмунд, пред да полета, случајно го запрела жена која излетела од своето возило за да го слика леталото кое го користи германската канцеларка.

Возбудената жена заборавила да го закочи своето возило кое продолжило да се движи и со мала брзина удрило во авионот на германската канцеларка, објавија денеска германските медиуми.

Споменатата жена возела комбе и била вработена на аеродромот.

Ангела Меркел морала вчера со хеликоптер да се врати во Берлин бидејќи авионот бил оштетен, соопштуваат германските власти, не откривајќи детали за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот