Колева: Платите на јавниот сектор се покачуваат за 10 проценти од септември

Фото: МИА

Пратеничката од СДСМ Даниела Колева денеска најави дека е постигнат договор меѓу владата и синдикатот и од септември оваа година платите во јавниот сектор ќе се покачат за 10 проценти а на вработените ќе им биде исплатено и К-15 во износ од 10 илјади денари.

Методологијата на плата која ќе се спроведува од март 2025, ќе се добива од просечна плата помножена со коефициент. Во општиот колективен договор ќе се дефинира исплата на минимум К15 од во износ од 30 проценти од просечната нето плата. СДСМ работи на унапредување на работничките права, зголемување на стандардот на работникот во сите сектори а не само во јавниот сектор. СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ на 20.000 денари. Ветивме и го исполнивме ветувањето за значително поголема просечна плата. Од 20.000 денари во времето на ДПМНЕ сега е над 36.000 денари, рече Колева.

Таа истакна дека покачување на платите има и во здравството, културата, полицијата, образованието, детската заштита и детските градинки.

За 5 години во образованието СДСМ ги зголеми платите за 36 проценти. Воспитувачите во детските градинки, во времето на ДПМНЕ земале само 18.000 денари а денеска земаат 36.000 денари што е за 100 проценти поголема плата. Негувателка во времето на ДПМНЕ земала 14.000 денари а денеска, со СДСМ, зема 27.500 денари што е за 96 проценти поголема плата. Пензиите исто така ги покачивме за сите пензионери и просечната пензија денеска е поголема за 35 проценти од времето на ДПМНЕ а следува и ново зголемување на пензиите во септември. Македонија не е веќе земја на евтина работна сила. СДСМ го цени и го вреднува трудот на сите работници, додаде Колева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот