Колачиња за кучиња, домашни и здрави, вашиот миленик ќе залае од среќа!

pixabay

Израдувајте го вашиот миленик со вкусно домашно колаче направено специјално за него од состојки кои секогаш ги имате во кујна. Ние ви носиме три рецепти. 

Оние кои имаат домашни миленичиња знаат дека тие многу им се радуваат на бисквитите, исто како што и дечињата се радуваат на колачиња. Секако, бисквитите за кучиња се прват со намирници кои не содржат шеќери и адитиви кои се штетни за миченичињата. Во продавниците достапни се во продажба најразлични биксвити, но дома ќе ги направите далеку поефтино и многу се повкусни, судејќи според реакциите на кучињата.  

Бисквит со сланина

Од намирници потребни ви се – 2 јајца, 1 шолја млеко, 1/2 шолја вода, 1 лажичка сол, 5 лажици испржени ситни парченца сланина, 5 шолји брашно.

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Добро изматете ги јајцата, во нив додајте ги млекото, водата и солта. Постепено додавајте брашно во смесата. На крајот додајте ги парченцата сланина и сè убаво соединете. Од тестото обликувајте малечки колаченца и наредете ги на хартија за печење. Претходно малку премачкајте ја со масло хартијата за бисквитите да не се залепат за подлогата. Печете ги 35 до 40 минути.

Бисквитите чувајте ги во фрижидер.

Мафини со кашкавал и морков

Од намирници потребни ви се – Шолја брашно, 1 полја палента, 1 лажичка прашок за печиво, 1 шолја рендан кашкавал за пица или растителен, 1 шолја рендан морков, 2 јајца, 1 шолја млеко.

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Во еден сад ставете го брашното и прашокот за печиво и направете „бунар“ во брашното. Потоа додадете го кашкавалот и морковот, и сите состојки убаво измешајте ги. Во друг сад изматете ги јајцата, додадете го млекото и малку масло. Смесата со јајца додадете ја на смесата со брашно и сите состојки добро соединете ги. Наполнете ги калапчињата за мафини. Печете 20 до 25 минути на 180 степени.

Совет: 1 мафин дневно е доволен за куче со среден и голем раст, а пола колаченце е доволно за помало куче.

Специјалитет на куќата

Станува збор за бисквит во кој, на основниот рецепт, можете да додадете состојки кои му се омилени на вашето куче.

Од намирници потребни ви се – 2 ипол шолји брашно (бело или интегрално), 1 лажичка сол, 1 јајце, 1 коцка говедска или пилешка супа, половина шолја топла вода. По ваш избор бисквитите зачинети ги со малку сланина, кашкавал, ситни парченце месо…

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете ја и изматете ја коцката супа во топлата вода и во тоа додадете ги сите останати состојки. Тестото добро соединете го. Развлечете го тестото на дебелина од 3 см. Исечете го тестото по желба. Наредете го исеченото тесто на хартија за печење и печете 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот