Која е девојката што го заведе братот на Кејт Мидлтон? (ФОТО)

Грациозната русокоса овие денови со целото семејство на својот иден сопруг ужива на Карибите.

Младата Ализее Тевенет пред скоро година дена го заведе братот на британската војвотка Кејт Мидлтон, а грациозната русокоса овие денови со целото семејство на својот иден сопруг ужива на Карибите. Таа како и повеќето шармантни Французинки негува ненаметлив, дециден стил кој го слави со природната убавина. Најверојатно поради таа причина, но секако и карактерот, го завела 3 години постариот Британец Џејмс Мидлтон.

Ализее Тевент и помладиот брат на војвотката Кејт Мидлтон се запознале пред повеќе од година дена во еден лондонски бар и брзо станале сериозен пар. Тие се верија во октомври, а и пред тоа Џејмс својата сакана ја запознал со семејството, пријателите и ја носел на кралските венчавки на кои бил повикан.

Оваа тајна убавица се занимава со финансии, завршила економски студии во Брисел, а иако е родена во Франција таа растела и живеела низ целиот сцет. Покрај мајчиниот француски јазик, таа течно зборува шпански и англиски јазик, а необичното име ѝ го дал нејзиниот татко кој во младоста се занимавал со сурфање. Ализее е всушност од Ализе – назив за ветерот соодветен за сурфање.

https://www.instagram.com/catherinecambridges/?utm_source=ig_embed

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот