Кој се грижи за децата? Принцот Алберт е болен, принцезата Шарлин повторно побегна од Монако

Фото: Профимедиа

Она за што цело Монако дебатира сега се прошири низ целиот свет – никој не знае кој се грижи за близнаците додека принцот Алберт е во самоизолација, а принцезата Шарлин повторно ја нема никаде на повидок.

Пред неколку дена јавноста дозна дека принцот Алберт по вторпат се заразил со коронавирусот, поради што е во самоизолација, а каде повторно исчезнала принцезата Шарлин, никој со сигурност не може да каже. Во моментов нивните близнаци, седумгодишната принцеза Габриела и принцот Жак, не можат да сметаат на своите родители.


Од монегашката палата ја потврдија болеста на принцот, но открија и дека тој, бидејќи немал никакви симптоми, продолжил со своите обврски изолиран од сите. Она што никаде не се спомнува е дали близнаците Жак и Габриела се заразиле со коронавирусот, а не се споменува ниту принцезата Шарлин.

Принц Алберт и децата/Фото: Профимедиа
Принц Алберт и децата/Фото: Профимедиа

Токму поради тоа започна загриженоста, па не е чудно што многумина го поставуваат прашањето кој во моментот се грижи за близнаците додека нивниот татко е болен, а нивната мајка повторно е далеку од Монако.

Според некои гласини, Шарлин овој пат побегнала на Корзика, каде наводно во моментот престојува, поради што не може да се грижи ниту за своите деца.

Познато е дека во март 2020 година, кога принцот Алберт првпат беше заразен со коронавирусот, близнаците беа преместени во семејниот имот во Рок Агел, а додека нивната мајка прво престојуваше во Јужна Африка, а потоа на лекување во Швајцарија, во чување на близнаците се менуваа нивните тетки, принцезите Каролин и Стефани. Токму поради оваа причина се претпоставува дека и овојпат скокнале напомош.

ФОТО: Шарлин се врати дома: Пресреќна сум што го имам семејството покрај мене

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Принцезата Шарлин повторно го напушти Монако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот