Кој му се заканува на лидерот на коалицијата „Црно – бело“?

Абазовиќ: Под голем притисок сум, полицијата ме чува

Лидерот на коалицијата „Црно – бело“, Дритан Абазовиќ, го привлекува вниманието на јавноста и во регионот и во светот по парламентарните избори во Црна Гора.

Тој, во разговор со германскиот неделник „Шпигел“ откри дека е под полициска заштита заради  постојаните закани што ги добивал по изборите.

Абазовиќ зборуваше и за протестниот митинг пред неговата куќа во Улцињ, на што тој одговори: „Таа ноќ не бев таму. Кога дознав, помислив дека е шега и реков дека луѓето дојдоа да ме поддржат. Вистината е, бев под голем притисок, моментално сум под полициска заштита. Знам дека има многу луѓе кои можат нешто да ми направат, но не се плашам. Заканите се цената што ја плаќаме ние како политичари. Всушност, логично е за моменталната состојба, ако земете предвид една работа: по овој резултат на парламентарните избори, има многу луѓе во земјата кои можат да изгубат многу“, рече Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот