Кој е најдобриот фудбалер во Серија А во последните 30 години

EPA PHOTO ANSA/ALABISO

Додека Италија ја продолжува борбата со пандемијата на коронавирусот, италијанското издание на Евроспорт одлучи да ги остави активни фудбалските фанови и организираше гласање за најдобриот фудбалер во Серија А во последните 30 години.

Во игра беа сите фудбалери кои настапувале или настапуваат во Серија А од 1990. до 2020. година, а на големо изненадување фановите за најдобар играч го избраа Роберто Баџо.

Во финалето, Баџо со 54 проценти од гласовите го победи Луис Назарио да Лима Роналдо. Во полуфиналното гласање Баџо беше подобар од Андреа Пирло, додека Роналдо го победи Франческо Тоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот