Кој да го наследи Весел Мемеди

Власта и опозицијата во собранието се скараа за тоа кој треба да го добие местото во собраниските тела и функцијата заменик-претседател на собранието на пратеникот Весел Мемеди кој си поднесе оставка.

Пратеникот Сирија Рушити рече дека местото на Мемеди треба да го пополни Арта Точи која станува пратеник согласно пратеничката листа.

– Мемеди е избран како пратеник на Алијансата и со гласовите на Алијансата, така што бараме неговото место во работните тела да се пополни со Арта Точи, рече Рушити.

На ова одговори Ејуп Алими од ДУИ кој рече дека Мемеди станал пратеник како член на парламентарното мнозинството така што при именување на пратеници во работните тела треба да се следи таа логика.

– Сега седите опозицијата, а кога го добивте тоа место седевте на страната на мнозинството. Не треба да правите блокада. Има формула во деловникот како се прави распределбата, рече Алити.

Инаку после две паузи членовите на Комисијата за избор и имнување се договорија денеска од 16 точки на дневниот ред да се разгледуваат 4 за именување на членови на работни тела на Собранието и двете кои се од однесуваат на утврдување на предлог листи за избор на членови на програмскиот совет на МРТ и на советот на Агенција за медиуми. Другите точки се одложуваат за утре.

Инаку комисијата требаше да почне со разгледување на точките од дневниот ред уште во 10 часот, но тоа се уште не се случува бидејќи пратениците постојано со процедурални обраќања реплики и контра реплики ја одлучуваат дискусијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот