Кои се победничките на изборот „Жена на годината”?

Profimedia

Повеќе од 200 жени претприемачки ќе имаат можност за меѓусебно споделување на искуства и знаења на конференцијата „Жени претприемачки” што денеска по петти пат ќе се одржи во Скопје. Истовремено ќе бидат доделени статуетките на победничките во изборот за „Жена на годината 2022″.

Пред присутните, свои презентации ќе имаат Ирена Јакимова која ќе зборува на темата „Личниот развој на жената претприемачка како најсилен фактор за раст на бизнисот”, Ксенија Николова на темата „Да се биде херој значи да продолжиш да се бориш и кога не знаеш дали ќе победиш”, фитнес инструкторот Марио Јовановски ќе зборува „Зошто навистина треба да вежбаме”, а Наташа Дуковска на темата „Интуицијата и чувственоста се наша, женска предност, и, да и двете се поврзани со претприемништво!” .

Кратка презентација пред присутните насловена како „Не се стигнува лесно до успехот, но штиклите и насмевката се одличен сопатник на патот!” ќе одржи и психологот и лиценциран семеен системски психотерапевт Марија Коневска.

Во церемонијалниот дел на настанот ќе бидат прогласени годинашните добитнички на изборот „Жена на годината” во вкупно 10 категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот