Кои се новинарите од „Аксиос“ и зошто нивната уредничка политика толку многу го нервира Доналд Трамп?

Доналд Трамп вчерашниот ден го започна со твит преку кој се пресметува со „Аксиос“ и ги обвинува дека прават сè за да го посрамотат претседателот.

Кои се луѓето кои стојат зад „Аксиос“, а кој за кратко време стана еден од најпосетените американски медиуми? Како, во време кога медиумите се борат да пронајдат одржлив модел на работење, тие создадоа еден од најуспешните медиумски модели на работење во САД?

„Како медиумите успеаја да најдат нови модели на огласување, каква содржина произведуваат, како можат билтените да станат профитабилни, зошто Трамп ги предизвикува“. На сите овие, но и на многу други прашања кои ги интересираат сите оние кои ги следат медиумите, на Викенд Медиа Фестивал ќе даде одговор Сара Фишер, стручно лице за медиумски трендови од „Аксиос“.

Прочитајте и...  Морис бара американскиот претседател да го помилува Асанж

Нејзиниот билтен „Axios Media Trends“ секојдневно го следат сите медиумски професионалци низ целиот свет“, истакна Никола Врдољак, Директор на Фестивалот.

„Аксиос“ е еден од најпопуларните медиуми и новински портали во САД, основан во 2016 година од страна на поранешниот основач и вработените во „Политика“. Сара Фишер е автор на “Axios Media Trends“, билтен што ги анализира трендовите во медиумите. Пред да се придружи на “Аксиос“, Сара работела во “Вашингтон пост“, “Њујорк Тајмс“, “Си-Ен-Ен“ и во “Политика“.

На овогодинешниот, дванаесетти Викенд Медиа Фестивал кој се одржува од 19. до 22. септември во Ровињ, ќе има многу интересни предавања, провокативни, но и конструктивни дебати околу трендовите во медиумската индустрија.

Поврзани вести

Маричиќ: Преговори или разговори околу македонскиот јазик и идентитет нема да има

Слободен печат

ФОТО: Европол: Уапсени 45 лица, запленети милиони евра од илегална трговија со кокаин

И.И.

ВМРО-ДПМНЕ втор ден на „Протест сега за да не биде предоцна“: Оставка на Заев, слобода на народот

Слободен печат

Грција ги одреди максималните цени за ковид тестови: За ПЦР – 40 евра, рапид – 10 евра

Слободен печат

Поликарп ја промовира програмата за градоначалник на Штип: Спортски комплекс, затворен пазар, концертна сала

Слободен печат

Ковид-19 ја притиска Албанија: Нови 645 инфекции и 18 смртни случаи

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian