Кои се најмоќните пасоши во светот за 2022 година?

Американски пасоши/ Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Јазот меѓу глобалниот север и глобалниот југ расте кога станува збор за слободата на патување, се вели во првиот извештај на лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и престој „Хенли и партнери“ (Henley & Partners) за 2022 година, пишува Си-Ен-Ен. .

Индексот за пасоши на Хенли, врз основа на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно следи кои се најмоќните пасоши во светот од 2006 година.

Во него се наведува дека растечките бариери за патување, кои беа воведени за време на пандемијата, резултираа со најголемиот глобален јаз во мобилноста во 16-годишната историја на индексот.

Сепак, индексот не ги зема предвид тековните ограничувања, па технички сите оние кои имаат најмоќни пасоши во светот можат, барем теоретски, да патуваат без виза на дури 192 дестинации.

На прво место се Јапонија и Сингапур, чии граѓани можат да патуваат без визи во 192 земји.

Второто место го делат Германија и Јужна Кореја, чии граѓани без визи можат да одат во две земји помалку, поточно 190, а третото место го делат Финска, Италија, Луксембург и Шпанија, чии граѓани без пасоши можат да посетат дури 189 земји.

Што се однесува до регионот, Унгарија, која го зазеде 8-то место и чии граѓани можат без виза да посетат 183 земји, е најдобра, а по неа е Словенија на 10-то место со 181 земја. Хрватска е на 17-тото место, кое го дели со Бугарија, со 173 земји. Србија е на 36 место од 135 земји, а БиХ е на 47 место (117 земји). Северна Македонија е на 42-ро место со 125 земји.

Авганистан има најслаб пасош, чии граѓани можат без виза да посетат 26 земји.

Еве список на 10-те најмоќни пасоши:

1. Јапонија, Сингапур (192)

2. Германија, Јужна Кореја (190)

3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија (189)

4. Австрија, Данска, Франција, Холандија, Шведска (188)

5. Ирска, Португалија (187)

6. Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Обединетото Кралство, САД (186)

7. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта (185)

8. Полска, Унгарија (183)

9. Литванија, Словачка (182)

10. Словенија, Латвија, Естонија (181)

Најслаби пасоши:

104. Северна Кореја (39)

105. Непал и палестинските територии (37)

106. Сомалија (34)

107. Јемен (33)

108. Пакистан (31)

109. Сирија (29)

110. Ирак (28)

111. Авганистан (26)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот