Кои намирници не смеат да ги јадат бебињата помлади од 12 месеци?

Откако бебето ќе наполни 6 месеци, според педијатрите, е време да се почне со дохрана, со воведување намирници.

Сепак, постојат неколку продукти кои треба да се внесат во исхраната што подоцна, некои дури и по третата година од животот.

Мед

Медот освен што е алерген, може да предизвика и ботулизам, предизвикан од бактерија „Clostridium botulinum“. Возрасни луѓе може лесно да се изборат и последиците да не се фатални, но организмот на бебе помало од 12 месеци не е доволно силен и може да дојде до трајни оштетувања, па дури и смрт.

Путер од кикирики

Кикириките исто се силни алергени, но тоа не е единствената опасност. Путерот од кикирики е густ и леплив и може да предизвика гушење.

Сол

Бубрезите на децата помали од една година не се доволно развиени за да може да се носат со натриумот од солта. Поради тоа, до една година додавајте ја сосема малку или пак, воопшто, а вкусот на храната подобрете го со зачините соодветни на возраста.

Грозје

Зрната грозје се мазни и лизгави и лесно може да се излизгаат до грлото и да предизвикаат гушење. Давајте го само на деца поголеми од две години.

Чоколадо

Во чоколадите освен што може да има траги од силни алергени, има и какао, а со тоа и одредена доза кофеин, како и млеко во прав, состојки што не треба да ги има во исхраната на малите деца.

Свеж морков

Постои ризик да одгризаат поголемо парче кое може да се заглави во душникот. Најбезбеден е варениот морков.

Тврди бонбони и лижавчиња

Ова е чист шеќер што воопшто не е добар за децата, особено ако уште не се доволно возрасни за користење четка и паста за заби.

Јагоди

Јагодите се високо алергени и дури и кога детето не е алергично на нив, можат да предизвикаат алергиска реакција. Бидете особено внимателни со нив, докторите препорачуваат да се даваат после втората година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот