Кога најмоќната блогерка го слави 33-от роденден, се буди во море од цветови – дури и во карантин (ФОТО)

инстаграм

Италијанката Кјара Ферањи, една од најпопуларните блогерки во светот, а покрај тоа и модна дизајнерка и ТВ лице, вчера го прослави својот 33. роденден.

Иако со сопругот и синот веќе долго време е во карантин во својот дом во Милано, поради пандемијата на коронавирусот, роденденот не го прослави ништо помалку скромно, туку со огромни букети цвеќе веднаш откако се разбуди.

инстаграм
инстаграм

Букетите кои ги доби не можеше да ги собере во ходникот, а тука беа и многу други подароци, роденденски честитки, како и славеничката торта со бројката 33, само една од тортите кои ги доби.

инстаграм
инстаграм

Кјара за роденденот позираше во облека од својата модна колекција која го носи нејзиното име и која секојдневно ја промовира на социјалните мрежи, а во објавите им се заблагодари на сите кои и го разубавија овој прекрасен ден.

инстаграм
инстаграм

– Ви благодарам на сите за роденденската љубов, напиша блогерката, а меѓу коментарите се најде и коментар од балканската дива Лепа Брена која и ставила црвени срциња.

– Роденденско утро и првата роденденска торта, напиша таа додека се сликаше со тортата.

инстаграм
инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот