Кога љубомората ја „гризе“ врската

Не постои човек кој не ја почувствувал љубомората. Таа може да се појави во секоја врска и во секое време. Никој не е заштитен од љубомората. Љубомората во врската е многу покомплексна отколку што можеме да си замислиме. Таа претставува збир на емоции како страв, лутина, тага, болка и завист.

Понекогаш зад љубомората се крие и желба за контрола на партнерот.

И мажите и жените чувствуваат љубомора, но ја демонстрираат на различен начин. Жените почесто ја покажуваат, поради тоа што повеќе им посветуваат внимание на своите чувства и не се плашат да ги споделат со другите.

Од друга страна, мажите се обидуваат што поретко да ги изразуваат своите чувства, но кога се љубоморни, тие ја демонстрираат љубомората на поексплозивен начин.

Љубомората е едно од оние чувства кои треба добро да ги контролирате. Присуството на мала доза љубомора во врската може да има позитивен ефект. Тоа ги поттикнува партнерите да се почитуваат и ценат еден со друг, а може и лесно да ја вжешти атмосферата во спалната.

Но, секоја врска си има свои непишани правила и вие треба да знаете да се придржувате до нив. Пред да започнете со љубоморни сцени, потребно е да процените колкава доза на љубомора поднесува вашиот партнер. Никогаш не треба да претерувате, затоа што лесно може да „му се качите на глава“ и да го оттурнете од себе.

Не се ретки случаите каде мажите изневерувале точно поради тоа што постојано живееле со сомнежите и обвинувањата на својата партнерка.

Затоа, научете која е точната доза за вас и понекогаш „глумете“ љубомора за вашиот партнер да почувствува дека имате силни чувства кон него и дека е почитуван од вас. Но, правете го тоа само ако знаете да си поставите граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот