Коциќ смета дека претседател избран непосредено од граѓаните е најсоодветно решение

Ненад Коциќ - пратеник од СДСМ / Фото: "Слободен печат" / Слободан Ѓуриќ

Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ на дебатната емисија „Избори 2024“ на МРТ 1 изјави дека
претседател избран непосредено од граѓаните е најсоодветно и најдобар начин на избор на претседател на државата и промена на ова прашење не треба да има во иднина.

Тој се осврна на изминатите 4 години кога државата помина низ најголемите светски кризи, пандемија, економска, енергетска криза со кои владата предводена од СДСМ се справила квалитетно. А во однос на ВМРО-ДПМНЕ тој додаде дека истовремено оваа партија го лажела народот за рестрикции и цената на струјата, што произлегло дека е невистина, затоа што токму спротивното, граѓаните добиваа субвенции од државата за струјата и немало никакви рестрикции.

„Се докажа дека после две години од кога започна енергетската криза, дека Македонија одлично се справи со таа ситуација. Дека повеќе од десет пати ги зголеми капацитетите за обновливи извори на електрична енергија, а за жал стратешки инвестиции кои се во интерес на државата се кочени токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ и наводни експерти блиски на нив,“ рече Коциќ.

Коциќ ја коментираше и кандидатурата на Стево Пендаровски.

„После објавата на конкурсот за претседател на државата предложени беа повеќе лица за кои нашите членови сметаа дека треба да бидат кандидати за претседател, меѓутоа проценките, активностите на досегашниот претседател Пендровски, неговите квалитети, беа пресудни за да ИО донесе одлука тој да биде кандидат на СДСМ на овие избори и во недела на конгресот ќе биде и официјално прогласен за кандидат за претседател на нашата држава,“ рече Коциќ.

Во врска со Пендаровски, Коциќ рече дека изминатите 5 години тој покажал дека е човек од граѓаните избран, без правење на разлика помеѓу луѓето по етничка, национална или полова припадност, достапен за секој човек и знаел да ги процени сите стратешки, важни работи за државата и да дејствува во интерес на народот и државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот