Кобра гризнала Британец кој прележал маларија, денга треска и ковид-19

Британски хуманитарец во борба против слепило и парализа откако минатата недела го каснала кобра. Тој претходно се изборил со маларија, денга треска и ковид-19.

Изминатата недела Јан Џоунс беше каснат од индиска кобра во регионот Џодпур во пустинската индиска држава и беше примен во болница во градот Џодпур, на околу 350 километри од регионалниот главен град Џајпур.

– Џоунс дојде кај нас минатата недела откако го касна змија во едно село во регионот. Првично се сомневавме дека е позитивен на ковид-19 (по втор пат), но беше тестиран негативно за тоа, изјави д-р Абхишек Татер, кој го лекувал пациентот во локалната болница.

– Додека беше со нас, тој беше свесен и имаше симптоми на каснување од змија, вклучувајќи заматен вид и тешкотии при одење, но тоа се обично минливи симптоми, вели тој.

Штотоку Џоунс беше испишан од болница. Сметаме дека нема да има долгорочни ефекти. Ако не се подобри веднаш, би требало да биде подобро во следните неколку дена, додаде лекарот истакнувајќи дека каснувањата од змија не се невообичаени во руралните области во регионот.

– Татко ми е борец, за време на неговиот престој во Индија тој веќе страдаше од маларија и денга треска пред да добие ковид-19, рече неговиот син Себ Џоунс во изјавата на страницата GoFundMe, каде може да се донира за да се олесни финансискиот товар околу плаќањето на сметките во болницата и да му се овозможи да се врати до островот Вајт во јужна Англија.

– Тој не успеа да се врати дома поради пандемијата и како семејство ја разбравме неговата желба да продолжи да поддржува многу луѓе кои таму се потпираат на него, додаде тој.

Џоунс работи со традиционални занаетчии во Раџастан и преку својата добротворна организација Сабиријан помага во увоз на стоки во Велика Британија за да им помогне да избегнат сиромаштија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот