Коалиција Вреди: Пред неколку дена го повлековме именувањето на Вервизоли, таа ќе работи на добивање сертификат за ревизор

Коалицијата Вреди попладнево соопшти дека уште пред неколку дена го повлекла именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако, како што наведуваат од коалицијата, таа има одлично CV и значително професионално искуство, донесена е одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нивните редови.

– Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот, се наведува во соопштението.

Дополнително, од Вреди сметаат дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби не само што оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.

Коалицијата Вреди, како што се наведува, останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови.

-Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби, се наведува во соопштението од коалицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот