Книгата „Уште музика, уште муабети“ на Ненад Георгиевски е калеидоскоп на приказни и луѓе

Издавачката куќа „Полица“ ја објави третата книга на новинарот Ненад Георгиевски со наслов „Уште музика, уште муабети“. Книгата се состои од 70 интервјуа, кои се реализирани во период од 20 години. На страниците на книгата се објавени разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, новинари, автори.

Поделена во неколку поглавја, во книгата се наоѓаат интервјуа со класични музичари, како Филип Глас, Макс Рихтер, Олафур Арналдс, Мориконе, Симон Трпчески, потоа групата „Дед кен денс“, Анушка Шанкар, Бил Вајман (Ролингстоунс), џез-музичари, како Гоце Стевковски, Џек Деџонет, Рон Картер, фотографи, како Жига Коритник, или новинари/автори, како Алан Лајт, Бред Толински и Тошо Филиповски.

Книгата е широк калеидоскоп на приказни и луѓе, кои заедно прават преглед на современата музичка сцена – во светот, регионот и во Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 113, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-23 јануари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот