Книгата „Љубов голема колку Скопје“ од Александра Тодоровиќ раскажува приказни за Скопје

Книгата за деца и млади „Љубов голема колку Скопје“ од авторката Александра Тодоровиќ раскажува и прераскажува приказни за Скопје. Едукативна и интерактивна, книгата ќе го разбуди љубопитството на децата, но и суптилно ќе им подметне не само знаење и интерес за она што било, туку и љубов што ќе ги научи како да се грижат за околината и за луѓето во неа.

Скопје е љубов заради луѓето во него. И секогаш сè е заради љубовта. Таа врзува, ослободува и крева. Затоа Александра Тодоровиќ, која добро го познава Скопје, а и литературниот јазик и вкус на децата преку претходната книга „Мистериозниот град под Калето“, се одлучи да ја напише приказната за градот под чии темели има еден куп љубовни приказни. Сега нејзините ликови се во шеесеттите години од минатиот век, кога градот го доживеа својот европски модерен процут.

Оваа книга Ана Јовковска ја нарече времеплов и во својата рецензија зборува за тоа дека Тодоровиќ го открива богатството на нашето културно наследство, не само она што е врамено во историјата, спомениците, топонимите и објектите, туку и она кое е изживеано низ душата на градот, низ интимните прикази на неговите жители.

Книгата е објавена во издание на „Паблишер“, а промоцијата ќе се одржи на 6 декември, со почеток во 19 часот, во Фоајето на МОБ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 157, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 3-4 декември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот