Клиничкиот кампус со комплетно нов лик, нема повеќе сообраќаен хаос (ФОТО)

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните медиуми го сподели новиот изглед на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

– Во изминатиот период, во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ интензивно се работи за подобрување на инфраструктурата. Направени се неколку реконструкции, корекции и изработка на решенија за подобра експлоатација на инфраструктурата. Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Проблемот со влезовите и излезите од комплексот кон градските улици е целосно решен.

>Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација за правилно насочување на сообраќајот. Обележани се пешачките зони, поставено е ново улично осветлување. Проширени се тротоари. Создадени се услови за движење на возила за итна медицинска помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди.

Прочитајте и...  ОН: Пандемијата ги влошува конфликтите во светот

Извршено е хортикултурно уредување на парковите и јавните простори низ комплексот. Поставена е нова урбана опрема: клупи, фонтани/чешми, ниско и високо зеленило.

Во непосредна околина на Унивезитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во кампусот на Клинички центар Мајка Тереза – Скопје интервентно е расчистен теренот од старите, диво – вселени објекти во близина на инфективна клиника, старите бараки Медицинар. Со ова, се оформи и директен пристап до инфективната клиника од ул. „Белградска”, со цел да се сепарира движењето на пациентите со симптоми на Ковид-19 од останатите пациенти кои влегуваат на главната капија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”.

Овој месец се пушти во употреба и монтажната модуларна болница за потребите за дополнување на болничкиот капацитет на инфективната клиника.

Прочитајте и...  Три смртни случаи, 74 новозаболени од Ковид-19 и 90 оздравени пациенти

За кратко време, Клиничкиот кампус доби сосема нов лик. Нема повеќе сообраќаен хаос. Ги подобруваме условите во јавното здравство и покрај пандемијата од ковид-19. Да ги почитуваме мерките за заштита и да се грижиме за одржување на Клиничкиот кампус чист. Од нас зависи- напиша министерот за здравство, Венко Филипче.

Погледнете како изгледа новиот изглед на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје:

Клинички кампус „Мајка Тереза“ Скопје / Фото: Министерство за здравство

Прочитај повеќе

Дали коронавирусот предизвикува стерилитет и дали мажите се позагрозени од жените?

Слободен печат

Истражување: Италијанците со антитела за коронавирус шест пати повеќе од официјално заразените

Слободен печат

Слика со портрет на Македонец од 1726 година – најстар запис за населувањето на Македонците во Војводина

Миа Агенција

Регистрирани се 390 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина

Слободен печат

Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пецас денеска ќе ги соопшти промените во грчката влада

Слободен печат

Засилени мерките на Филипините: Повеќе од 27 милиони луѓе се повторно во карантин

Слободен печат

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Слободен печат

„Те молам немој да ме застрелаш“: Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Слободен печат

Бунт во затвор во Еквадор: Деветмина затвореници загинаа, а 20 се повредени

Слободен печат

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Слободен печат