Класичен пример како не треба да се облекувате: Ким Кардашијан ги разочара модните критичари! (ФОТО)

профимедиа

Ким зачекори на црвениот тепих, а сите погледи беа насочени кон неа, но од ниту малку позитивни работи.

Нејзиниот избор на гардероба ги остави во чудо сите присутни, а набрзо следеше и лавина од негативни коментари од страна на модните критичари. Едногласни беа и во оценувањето на овој обид да изгледа модерно: „Риалити ѕвездата е добар пример, но за тоа како НЕ ТРЕБА да се облекувате. Овој пат претера со принтот“.

профимедиа

Правилото гласи, доколку сте љубител на анимал принтот, водете сметка само едно парче да биде со тој дезен, додека остантите би требало да се еднобојни. Ким направи сериозен моден прекршок со овој аутфит.

профимедиа

„Сето тоа да било во иста боја, би можело да се каже дека е монохроматскиот тренд кој во моментов е актуелен, но за ваквиот избор нема оправдување“, гласеше еден од коментарите.

„Ова е едноставно премногу, во шок сме!“, напиша друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот