КК Гостивар: Уништен е паркетот во нашиот кошаркарски храм

Кошаркарскиот клуб Куманово бара јавна поддршка/Фото: facebook.com/kkgostivar

Непосредно пред Новата година кошаркарскиот клуб на Гостивар ја информираше јавноста за индолетниот однос и негрижата на Општина Гостивар кон најголемиот спортски амбасадор на градот.

Денеска КК Гостивар повторно со критики кон Општината и вели дека некој оттаму сака клубот да не постои.

– Ако до сега не бевме сигурни, сега веќе можеме со сигурност да констатираме дека некој во општина сака нашиот клуб и гордост на градот да не постои.

Нашиот паркет, во нашиот кошаркарски храм е уништен. Ако општината не го поддржува клубот во таа мера што треба и мора, туку и основните услови се уништуваат, а салата не се користи само од КК Гостивар.

Еве јавно прашуваме: Кој ќе плати за штетата која е нанесена? Бараме јавна поддршка од сите што го сакаат овој клуб, веќе сами неможеме да се бориме! – пренесуваат од КК Гостивар.

Веднаш потоа поради ваквата објава, КК Гостивар информираше и дека општината ги одзеде термините на клубот до понеделник и дека како што стојат работите можно е да им бидат целосно одземени термините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот