Ќе успее ли Скопје да се претстави како Европска престолнина на културата и што знаеме за кинеското општество? Утре во „Слободен печат“
Игор Радев е еден од најистакнатите синолози во светот. За „Слободен печат“ тој говори за кинескиот јазик, за кинеското општество и за архитектонските чуда на модерната кинеска цивилизација
Препорачано
Ќе успееме ли да го подготвиме Скопје достојно да се претстави како Европска престолнина на културата во 2028 или на тој пат може да ја загубиме оваа престижна европска титула што е своевиден преседан. За овој предизвик кој ќе значи голем пробив на Скопје и на Македонија на културната и на туристичката мапа на Европа и за тоа како ресорите култура и туризам функционираат под капата на новоформираното Министерство, разговараме со Тони Димков, уредник на „Културен печат“ и најдобар познавач на културните прилики во државава.
Проф. д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Автор е на четири книги од областа на IT и основач на Центарот за вештачка интелигенција кој во нашата држава го донесе првиот суперкомпјутер.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.


