Ќе пропаднат берберите во Авганистан, Талибанците забранија бричење на брадите

Фото: EPA-EFE/GUHLAMULLA HABIBI

Талибанските локални власти во јужната авганистанска покраина Хелманд издадоа забрана за бричење на брадите, јавија локалните медиуми.

Талибанскиот директор за култура и информирање Хафиз Рашед Хелманд рече за дневниот весник Етилалатроз дека таа одлука ја донела талибанската верска полиција на состанокот со сопствениците на берберски салони во јужната покраина.

Официјалното писмо на талибанските власти кружело на социјалните мрежи, а во него талибанските покраински вршители на должности ги предупредија берберите дека ќе трпат последици ако на некој му ја избричат брадата.

Портпаролот на талибанскиот режим веднаш не даде коментар за ова.

Минатиот месец Талибанците од власт ја симнаа авганистанската влада која имаше поддршка од меѓународната заедница. Оттогаш режимот наметна родова сегрегација на факултетите и им оневозможи работа на жените. Освен тоа, девојчињата смеат да одат на училиште само до 6. одделение.

Авганистанците и владите ширум светот набљудуваат дали талибанците овој пат ќе бидат поумерени во владеењето, иако досега нема најави дека ќе биде така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот