Ќе останат ли скопјани без парно: Од БЕГ порачаа дека немаат обврска да греат, ниту можност за набавка на гориво

Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Дали скопјани кои се греат на парно претстојната есен и зима ќе останат со ладни радијатори и покрај тоа што редовно ги плаќаат сметките е прашање кое ги загрижува граѓаните, особено што никој од надлежните нема конкретен одговор дали редовно ќе се испорачува и кој ќе испорачува топлинска енергија.

Од БЕГ – Производство денеска информираа дека немаат правен основ да располагаат со топланите, немаат обврска да продолжат со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак имаат финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.

-Согласно член 51 од Законот за енергетика БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона – соопштуваат од БЕГ.

Оттаму додаваат дека немаат правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на топланите. Дополнително, како што велат, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика.

-Заради овие причини на 09.06.2022 год. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона. На 20.06.2022 год. РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство. Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен – информираат од компанијата.

ВИДЕО АНКЕТА: Како Македонците се подготвуваат за најавената тешка зима?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот