Ќе можеме ли да живееме без Фејсбук и Инстаграм: Корисниците велат дека тоа ќе биде благослов

Фејсбук и Инстаграм/ Фото EPA/Rolf Vennenbernd

Откако компанијата Мета соопшти дека апликациите Фејсбук и Инстаграм би можеле да бидат изгасени ширум Европа, се огласија и бројни корисници кои ја поздравија ваквата одлука.

Двете најпопуларни апликации со кои денес се служат сите генерации се секако Фејсбук и Инстаграм. Освен што служат за разонода и објавување фотографии, за некои тие се и еден вид начин на заработка, додека кај постарите генерации служат како средство за информирање и бесплатна комуникација.

Сепак, се чини дека многумина не се исплашени од животот без апликациите кои помеѓу нас се присутни веќе 20 години.

„Апсолутно не нè загрижува тоа, го сакаме светот каков што некогаш беше“, „Прашањето е каква корист имаме воопшто од тие апликации. Навлегување во приватноста на луѓето и манипулација со нив?“,

„Ова всушност би било благослов“,

„Ако го снема Фејсбук, просечниот коефициент на интелигенција во Европа веројатно ќе порасне за 50“, гласат дел од коментарите.

Не знам колку се сеќавате, кога Фејсбук „крашна“, односно го снема речиси на еден ден. Потивка комуникација не паметам од тој ден. Буквално тишина. Отвори-затвори, месинџерот не работеше, а сите „прелетаа“ на Твитер, па дури и правеа шеги на сметка на Фејсбук.

Факт е дека социјалните мрежи се меч со две острици, но главната цел на овие платформи се олеснување на комуникацијата на човекот, а светот е веќе глобално село и не може да се замисли без нив. Ако oд „Мета“ се убедени во намерата да ги снема Фејсбук и Инстаграм за европскиот пазар, можеби ќе сведочиме нова технолошка револуција, којзнае.

Компанијата Мета се закани дека ќе затвори Фејсбук и Инстаграм во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот